„Заради обезбедување на даночно побарување во присилна наплата, извршен е упис на заложно право врз движни предмети, 24 патнички моторни и товарни возила, кој обврзникот ги има оставено како гаранција за обезбедување на плаќањето на даночниот долг. Од причина што даночниот обврзник нередовно ги исполнувал своите обврски, односно заради неплаќање на две доспеани рати, од страна на УЈП се преземени сите мерки за наплата на долгуваниот износ, даночните службеници ја започнаа постапката за впаричување на гаранцијата, со увид на лице место,а по извршениот попис, составен е записник и одземени се вкупно 22 возила. Запленетите возила ќе бидат предмет на продажба на е – аукција“, велат од УЈП за МКД.мк.
Скопски бизнисмен не сакал да плати данок, УЈП му заплени 24 коли и камиони
Управата за јавни приходи (УЈП) запелни 24 патнички моторни и товарни возила од скопски бизнисмен на кој и покрај тоа што му било одобрено одложување, тој не сакал да плати данок. Од УЈП за МКД.мк велат дека заплената на возилата е направена по спроведена постапка за присилна наплата од движни предмети, a заради неплатен даночен долг, за кој од страна на даночниот обврзник претходно било побарано и одобрено одложено плаќање на неплатен даночен долг по основ на данок на додадена вредност и данок на добивка.
Објавено на
часот