петок, 18 октомври 2024

Скопската коњаница денеска тргнува за Крушево на одбележувањето на 121 година од Илинденско востание

Во организација на Здружението на граѓани „Бигорски манастир“, а со поддршка од Општина Ѓорче Петров, попладнево од реонскиот парк членови на Скопскиот коњички марш со коњаница тргнуваат за Крушево.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Општина Ѓорче Петров предвидено е коњаницата да се придружи на централното одбележување на празникот Илинден во Крушево на 2 август.

„Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски ги повика граѓаните да дојдат во паркот и да ја поздрават и поддржат коњаницата која го организира овој подвиг во чест на големиот празник“, се вели во соопштението од Општината.

Годинава се одбележуваат 121 година од Илинденско востание и 46 години од првиот Илинденски марш. Целта на ваквите настани, велат од општината, е да се сочува традицијата, културата, македонските вредности и љубовта кон татковината, по примерот на храбрите македонски јунаци низ историјата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ