среда, 29 јануари 2025

Скопје полно со ѓубре, Герасимовски ѝ порача на Арсовска да си ја врши работата

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека градот Скопје под раководство на градоначалничката Данела Арсовска не си ги исполнува своите основни работни обврски и утрово, ѓубрето не е исчистено од улиците на Центар под чија надлежност е градот.

Објавено на

часот

Сподели

„Барам итно денеска градот Скопје да си ја заврши својата работа и да го исчисти ѓубрето во Центар кадешто градот и градоначалничката Данела Арсовска се надлежни. Недозволиво е центарот да Скопје да изгледа вака, јавните површини се акумулирани со ѓубре коешто не само што го загрозува здравјето на граѓаните, туку ја нарушува и животната средина. Апелирам до Арсовска и градската администрација веднаш да се фатат за работа и да ги исчистат улиците во Центар за кои самите се надлежни! Неопходно е веднаш да се интервенира и да се осигура чистотата на улиците“, алармира Герасимовски.

Скопје е валкано и полно со ѓубре не само во главниот дел, туку и во другите општини и во руралните средини. Ѓубрето некако стана секојдневие, а во некои општини ако кантите се празнеа четири пати месечно, сега тоа се прави два пати во месец, па така настанува хаос од ѓубре по улиците кое се разнесува од мачки и улични кучиња.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ