сабота, 27 јули 2024

Скопје на трето место во светот, Сараево на прво, исто нездрав воздух се дише во Битола

Интернет страницата Ервижуал утрово пред 10 часот го пласира Скопје на третото место во светот, како град во кој се дише најзагаден воздух во светот. Со индекс од 231 единица Сараево е градот со најзагаден воздух. Еден час порано таа загаденост изесуваше 211, колку што во исто време индексот на загаденост беше измерен во Битола – 211.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Искачувањето на Скопје на листата на Ервижувал на 100 големи или главни градови, започна уште прексиноќа и постојано е меѓу десетте градови според лошиот квалитет на воздухот, дефиниран како нездрав. Во Битола и Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина воздухот е дефиниран како многу нездрав. Waqi.info, како што се гледа од илустрацијата, воздухот и во Струмица го дефинира како многу нездрав. Нездрав е воздухот и во Тетово, Кичево и Кавадарци.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) вчера информира дека во Скопје е надминат прагот дозволени ПМ10 честички во воздухот и дека стапија во сила препораките од Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање.

Министерството не соопштува и не ги мери ПМ2,5 честичките чија концентрација е поголема во споредба со ПМ10 честичките. Истите мерки деновиве беа укинати за Кичево откако три дена во сила беа мерките поради висока концентрација на ПМ10 честичките.

Илистрација: Сараево на прво место, Скопје на трето место

Според експертите, како што објави МКД.мк, главниот виновник за загадувањето е секако човекот и греењето на домовите во стари печки на дрва и особено поради користењето на на разни опасни материи во печките.

Мерките што според законските уредби ги прогласи МЖСПП предвидуваат за одредени категории на граѓани да не излегуваат од дома без вистинска неодложна потреба.

Согласно уредбите, МЖСПП и Министерството за здравство се должни да им препорачаат на сите работодавачи да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Двете министерства се должни да им препорачаат на работодавачите и да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот, а се препорачува и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено и да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата пак треба да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и општините да ја намалат на половина употребата на службените возила и да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.

Обврска за преземање мерки против загадувањето има и Министерство за труд и социјална политика (МТСП) кое во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом Скопје и општините треба да обезбедат прифатилишта за  сместување на  бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство пак има обврска да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за број на повици, за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа сѐ до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина пак треба да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови и мерки во дозволата по однос на емисиите во воздух.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ