Скопје и Сараево имаат слични климатски неповолности бидејќи се наоѓаат во котлини во кои, при определени временски услови, нема провертрување, има магливост, а загадувањето од индусгтријата, сообраќајот и загревањето на домовите останува во воздухот кој се дише.
На осмото место се најде Белград, со податоци малку полоши од Скопје.
Мора да се признае дека загаденоста во Сараево е далеку повисока, но и во двата града демне опасноста од ПМ честичките, особено од тие поситните ПМ 2,5 кои лесно продираат во белите дробови и потоа во крвотокот.