Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот внук и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа – прегазиле дете и доколку не сака тие да лежат во затвор, требало да плати.
„Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а откако се слушнала со нејзината снаа, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, потенцираат од МВР.