среда, 12 март 2025

Скопјанка измамена за повеќе од 200.000 денари

Вчера попладне во СВР Скопје, 79-годишна жена пријавила дека била измамена за сума од 216.949 денари и златен накит.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното, осомничениот ѝ се јавил телефонски и се претставил како лекар од Бугарија, кој работи и во болница во Скопје, и ѝ кажал дека треба да ја оперира нејзината ќерка, која се здобила со повреди во сообраќајна несреќа и требало златни штрафови да се вградат во ногата, а за тоа требало да се плати. Како што е пријавено, таа ги предала парите и накитот на едно лице на договореното место, а откако се вратила дома и ја видела ќерка си, сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ