Истражувањето, кое опфати 1.150 испитаници преку телефонско анкетирање, покажа дека 77 отсто од граѓаните ја оценуваат работа на Арсовска како слаба или многу слаба, додека 68 отсто воопшто немаат доверба дека таа ќе ги реши главните проблеми на градот.
Во однос на потенцијалните кандидати за нов градоначалник, 18 отсто од испитаниците го поддржуваат Златко Перински, по што следуваат Коце Трајановски со 16,5 отсто, Орце Ѓорѓиевски со 14 отсто и Петре Шилегов со 11,5 отсто. Останатите кандидати, како Висар Ганиу, Бобан Стефковски и Ѓорѓи Галетановски, добија помала поддршка.
Анкетата, исто така ги идентификуваше најгорливите проблеми со кои се соочува Скопје. Загадувањето на воздухот и јавниот превоз се на врвот на листата приоритети кои граѓаните очекуваат да се решат, додека сообраќајниот хаос и степенот на јавна хигиена, исто така предизвикуваат значително незадоволство.
„Ова истражување укажува на потребата од итни мерки за подобрување на квалитетот на живот во главниот град, како и на потенцијални промени во локалното раководство“, се наведува во анкетата на Локално.мк