Како што соопштија од МВР, при извршена дополнителна контрола од страна на полициски службеници, кај Џ.С. од Скопје, кој на граничниот премин пристигнал со патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, негова сопственост, а управувано од Е.Е.(39) од Скопје, биле пронајдени стари монети во различна големина.
„Пронајдените предмети биле одземени и заедно со приведениот биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, пишува во соопштението од МВР.