петок, 18 октомври 2024

Скандал на Олимписките игри, Италијанка одби да боксува против „маж“, плачеше на рингот (ВИДЕО)

Дуелот помеѓу Имане Келиф од Алжир и Ангела Карини од Италија во осминафиналето на Олимписките игри во Париз траеше само 46 секунди, боксерката на „аѕурите“ со солзи во очите го напушти рингот.

Објавено на

часот

Сподели

Изминатиов период се крена голема прашина околу настапот на Имане Келиф и Лин Ју-Тинг на Олимписките игри во Париз.

Двете беа дисквалификувани од Светкското првенство во 2023 поради тоа што имаат XY- хромозоми, како мажите. Исто така имале и повисоко ниво на тестостерон од дозволените граници.

И покрај противења од многу страни, Имане Келиф денеска настапи во Париз и веднаш се случи скандал.

Нејзината противничка Ангела Карини се откажа по само 46 секунди и со солзи во очите го напушти рингот.

Откако доби два силни удари во лицето, можеше да се забележи како изговара „Ме боли многу“.

Се шпекулира дека Ангела Карини заработила скршен нос и фрактури на лицето од силината на ударите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ