Ѕвездата на „кралевите“, Џуд Белингам може да се најде во сериозни проблеми, Англичанецот е обвинет дека упатил сериозна навреда на адреса на својот сонаордник, Мејсон Гринвуд.
На синоќешниот натпревар помеѓу Хетафе и Реал Мадрид, двајцата имаа еден дуел покрај аут линијата, по кој Џуд Белингам му дофрли нешто на Мејсон Гринвуд.
Од таборот на Хетафе сметаат дека Џуд Белингам го нарекол Мејсон Гринвуд силувач, па бараат од Ла Лига да отвори истрага.
Мејсон Гринвуд се пресели во Хетафе во последните денови од летниот преоден рок откако стана јасно дека нема иднина во Манчестер јунајтед. Напаѓачот долго време беше надвор од составот на „ѓаволите“ бидејќи заврши зад решетки, неговата девојка на социјалните мрежи се пожали дека била тепана и принудена на секс.
Сепак, обвинителството мораше да се откаже од прогон и да ги повлече сите обвиненија откако девојаката и сите сведоци на крајот одбија да соработуваат. Но Мејсон Гринвуд остана виновен во очите на јавноста, па навивачите, спонзорите и добар дел од вработените не сакаа да го видат во Манчестер јунајтед.
Getafe have reported Jude Bellingham to La Liga, claiming that the #RealMadrid star called Mason Greenwood a ‘r*****’ after a challenge last night. #MUFC pic.twitter.com/VJnLAy5CFh
— Football España (@footballespana_) February 2, 2024