среда, 4 декември 2024

Ситроен слави 75 години на „спачекот“ (ФОТО+ВИДЕО)

Ситроен 2ЦВ кај нас е многу попознат по својот прекар „спачек“, а и понатаму е еден од најпрепознатливите автомобили на сите времиња.

Објавено на

часот

Сподели

Годинава спачекот слави 75-годишнина, а да ја немаше Втората светска војна, овој јубилеј веќе ќе беше одбележан.

Ситроен го почнал својот проект „ТПВ“ (Toute Petite Voiture) или „многу мал автомобил“ кон средината на 1930-тите и требало да го претстави во Париз во 1939 година, но настанот бил одложен.

Кога војната завршила, 2ЦВ конечно дебитирал на истиот саем на автомобили во Париз во октомври 1948 година. Под хаубата имало мотор со 375 кубни сантиметри, кој развивал само 9 коњски сили, а брзината одела до 50 км/ч. Ова денес можеби звучи како шега, но илјадници француски семејства со ниски примања конечно можеле да го остварат сонот и да имаат свој автомобил.

Иако не бил брз, спачекот бил корисен, особено поради генијалните инженерски решенија и практичноста. Побарувачката била огромна – Ситроен вели дека роковите на испорака до 1950 година биле и до шест години.

Со годините 2ЦВ еволуираше, доби малку повеќе сила и удобност, иако остана спор. Постоеја и популарните 2ЦВ комби и моделот сахара со два мотори од по 12 коњски сили.

Ситроен ја користеше истата платформа за моделите како мехари или бижу, но и помодерните возила ами и дијана. Сепак, стандардниот 2ЦВ ги надживеа сите. До крајот на производството во 1990 година продадени беа вкупно 5,1 милион примероци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ