среда, 23 октомври 2024

Сирски: Русија загуби шест воени авиони за три дена

Украинските сили за воздушна одбрана денеска соборија уште два руски воени авиони, кои истрелаа ракети врз позициите на украинските сили, изјави началникот на украинската армија Олександар Сирски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на својот канал на Телеграм, Сирски тврди дека се уништени ловци-бомбардери Су-34 и Су-35, без да ја открие областа каде биле соборени руските авиони, пренесува Ројтерс.

Официјален Киев вчера соопшти дека украинските сили за воздушна одбрана собориле три руски Су-34 и еден Су-35 на истокот на земјата.

„За само три дена непријателот загуби шест авиони“, објави денеска на Телеграм Александар Пављук, новиот началник на украинските копнени сили.

Русија не ги коментираше овие тврдења на официјален Киев, а Ројтерс не бил во можност да ја потврди точноста на соопштението од украинската страна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ