Според последното истражување што го спроведе Универзитетската клиника за психијатрија со поддршка од УНИЦЕФ, околу 30% од адолесцентите имаат умерени до тешки симптоми на депресија, додека скоро половината од нив, односно 48,4%, изјавиле дека се чувствувале потиштено или тажно подолг временски период во текот на изминатата година.
Најновите резултатите од последното истражување за однесувањето на децата од училишна возраст (на 11, 13 и 15 г.) во нашата земја, спроведено со поддршка на УНФПА, објавени минатата недела, покажаа дека дури 57% од девојчињата на 15 години пријавиле чести нерасположенија, речиси секојдневно во последните шест месеци. И задоволството од животот опаѓа со возраста од 11 до 15 години, кај девојчињата многу побрзо отколку кај момчињата.
Препознавајќи го исклкучителното значење на менталното здравјте на децата и адослецентите, во септември 2020 година, Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за децата на Обединетите нации (УНИЦЕФ) потпишаа иновативна Заедничка програма за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите за периодот 2020 – 2030 година. Оваа визионерска иницијатива има цел да обезбеди децата и адолесцентите кои живеат во земји што учествуваат во Заедничката програма да доживеат, до 2030 година, намалено страдање и подобрeно ментално здравје, психосоцијална добросостојба и развој. Со цел постигнување на овие цели, Заедничката програма се залага за зајакнување на капацитетот на земјите да спроведат мултисекторски стратегии, засновани на докази и на човековите права, кои треба да обезбедат можности, поддршка и услуги за деца, адолесценти и за луѓето кои се грижат за нив. Освен тоа, Заедничката програма има за цел да ги зајакне видливоста на овој проблем, свеста за истиот и инвестициите како на национално така и на глобално ниво, низ соработка.
„Како дел од Заедничката глобална иницијатива на СЗО и УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите, воспоставуваме соработка со жени-лидери од одбрани локални заедници и им помагаме да ја подигнат јавната свест за важноста на превенцијата и навремениот третман на проблеми поврзани со менталното здравје. Целта ни е да им обезбедиме на ангажираните жени-лидери знаење и алатки и да ги охрабриме да го кренат гласот во средините каде живеат за оваа значајна тема.
Обуката организирана денеска во Скопје е појдовна основа за една последователна низа активности во општините Битола, Карпош (Скопје), Гостивар и Крива Паланка, во кои, во текот на ноември 2023. година, ќе се одржат форуми во заедниците со жени-лидери, како и разговори со претставници на училиштата коишто го унапредуваат здравјето. Ваквите активности ќе продолжат и во 2024 година во други општини“, се вели во соопштението.
„Ова е одлична можност да се искористи на најдобар начин потенцијалот на жените-лидери во заедницата за остварување позитивен исчекор во една важна област како што е поддршката за подобро ментално здравје на децата и адолесцентите. Веруваме дека тие имаат длабоко разбирање за културната и социјалната динамика во рамките на заедниците во коишто живеат, и ќе бидат гласни застапници за ментално здравје”, смета д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Македонија, по повод отворањето на првата работилница за обука.
„Преземањето активности за превенција и поддршка во заедницата и во училиштата е од големо значење за менталното здравје и психосоцијалната добросотојба на децата, а особено на девојчињата и момчињата во вуленрабилни ситуации. Истражувањата исто така покажуваат дека менталното здравје на родителите и згрижувачите е од корист за сите. Затоа ни се потребни услуги во областа на менталното здравјте прилагодени на специфичните потреби на децата и на адолесцентите. Но истотака, потребно е да се разбие стигмата околу менталните болести и менталното здравје, за да се промовира здрава и поддржувачка средина којашто ја негува општата добросотојба на децата, нивните згрижувачи и општеството во целина“, изјави Патриција ДиЏовани, претставничката на УНИЦЕФ во земјата.
Министерството за здравство во соработка со Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика, презеде обврска да изготви „Национален акциски план за ментално здравје и психосоцијална добросостојба на децата“ и адолесцентите до декември 2023 година, сакајќи да им помогне на сите деца и адолесценти од гледна точка на трите сектори: здравство, образование и социјална заштита.
„Наша обврска е да бидеме проактивни во оваа област и да создадеме подобар и поповолен амбиент за нашите деца. Секое девојче и момче го заслужува правото да биде поддржано и да расте во безбедна и здрава средина”, изјави д-р Фатмир Меџити, министер за здравство.