Паралелно очекуваат од Владата и од партијата Нова демократија да заземат став и практично да ги осудат вистинските непријатели на демократијата, гласи ставот на СИРИЗА, како што јави МИА од Солун.
Десетина маскирани активисти на забранетата нацистичка Златна зора упаднаа во галерија во Солун каде изложба има македонскиот уметник Сергеј Андреевски, го навредуваа и малтретираа уметникот „зашто нема Македонци меѓу негрци“, насилно се однесуваа, наредија симнување на уметничките дела и со ленти ја запечатија изложбата.