среда, 5 февруари 2025

Сириските милитанти влегоа во претседателската палата и ја ограбуваат (ВИДЕО)

Бројни сириски милитанти денес упаднале во претседателската палата по уривањето на претседателот Башар ал Асад од власта, снимајќи видеа, а дел од нив грабале мебел и украсни предмети. На објавените снимки се гледаат луѓе како влегуваат во претседателската палата Ал Рауда, додека деца трчаат во големите простории, мажи туркаат голем ковчег по раскошниот под.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се гледа и како неколку мажи од палатата изнесуваат столици. На снимката од палатата Муџахрин, чија автентичност ја потврди Ројтерс, се гледаат групи мажи и жени како одат по белиот мермерен под и влегуваат низ голема дрвена врата.

Припадници на џихадистичките групи денес упаднале и во резиденцијата на италијанскиот амбасадор во Сирија, но не го повредиле него ниту членовите на неговото обезбедување, соопшти италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

АНСА се повикува на извор од италијанската дипломатија која кажал дека сириските милитанти влегуваат во зградите на амбасадите и канцелариите на меѓународните невладини организации во потрага по сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад.

„Утринава вооружена група влегле во дворот на резиденцијата на амбасадорот. Одземале три автомобили. Ни амбасадорот ни карабињерите не се повредени“, кажа Тајани, додавајќи дека амбасадорот и обезбедувањето се на безбедно место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ