среда, 12 март 2025

Синот на Трамп во посета на Белград, Вучиќ му ги покажуваше демонстрантите: „Тие сакаат да го сопрат напредокот“ (ВИДЕО)

Претседателот на Србија Александар Вучиќ му е домаќин на синот на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп Помладиот. Вучиќ кажа дека со синот на претседателот Трамп разговарал за билатералните односи на Србија и САД со акцент на економијата.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Тој ја искористи приликата на Трамп Помладиот од терасата на зградата на Претседателството да му ја покаже, како што кажа, „најубавата променада“ (Белград на вода).

„Таму е најубавата променада“, кажа Вучиќ, покажувајќи на зградите на Белград на вода.

„Не изгледа како комунистичката архитектура на која сме навикнати во Источна Европа“, одговори синот на Трамп.

„Токму така“, кажа Вучиќ.

Потоа се сврте на другата страна.

„Ова се луѓето кои би сакале да го сопрат тој прогрес“, кажа Вучиќ, покажувајќи на демонстрантите собрани пред зградата на Претседателството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ