недела, 29 декември 2024

Синот на Путин ги сака филмовите на Дизни

Рускиот претседател Владимир Путин е згрозен од фактот дека неговиот постар син сака анимирани филмови произведени од „Дизни“, пишува „Њузвик“, повикувајќи се на извор од „Досие Центар“. Според „Њузвик“, Путин не успеал да ги заштити своите деца од западното влијание.

Објавено на

часот

Сподели

Наводно станува збор за Иван Владимириевич, син за кој се верува дека мајка му е Алина Кабаева, љубовницата на Путин.

Како што пишува „Њузвик“, Путин во јануари 2024 година ги критикуваше Русите велејќи дека „ќе им отпаднат главите“ од гледање „модерни западни анимирани филмови“, и истакна дека советските филмови се со „комплетно различен квалитет“, со додавање дека имаат „емоционален и естетски ефект“ и „сосема различно влијание врз развојот на личноста“.

Во извештајот на „Досие Центар“ се наведува дека ова не го спречило Иван да се претвора дека е јунак од Дизниевите филмови, на ужас на неговите родители.

Исто така, во извештајот е наведено дека децата на Путин најчесто играат сами или со возрасни, а своите родители ги гледаат само навечер – а своите врсници главно за време на празници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ