понеделник, 30 септември 2024

Синоќешниот напад со руски дронови врз Киев траел повеќе од пет часа (ВИДЕО)

Синоќешниот руски напад со беспилотни летала од типот Шахед врз Киев траел повеќе од пет часа, но како што пренесуваат украинските медиуми, нема разорување или човечки жртви.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на воената управа на Киев, Серхи Попко, изјави дека руските сили, како и при претходните напади, користеле јуришни беспилотни летала од типот Шахед, пренесува Укринформ.

„Вечерашниот баражен напад врз Киев беше изведен во бранови и од различни правци. Воздушната тревога во главниот град траеше повеќе од 5 часа“, изјави Попко.

Тој додаде дека сите руски нападни беспилотни летала кои биле лансирани на Киев биле неутрализирани од украинските системи за противвоздушна одбрана.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ