Граѓаните низ земјава продолжуваат да дишат токсичен воздух, а бројките од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат висока загаденост во повеќе градови низ државава.
Според мерењата, синоќа најзагадено беше во Струмица со 343 мигрограми на метар кубен ПМ2,5 честички, по што следува Охрид со 336, Кавадарци со 273 и Куманово со 187. Висока беше загаденоста на воздухот и во Кичево, каде што се измерени 120 ПМ2,5 честички и во Гостивар со 121.