петок, 18 октомври 2024

Синохидро ја тужел државата, премиерот тврди дека Владата спасила 50 милиони евра штета по Буџетот

Со аргументиран пристап и напорна работа изминатите 30 дена Владата успеа да издејствува да биде повлечена арбитражата од кинеската копманија Синохидро, која работи на изградбата на автопатот Кичево- Охрид, тврди премиерот Христијан Мицкоски.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

По одбележувањето на 102 години од основањето на Стопанската комора одговарајќи на новинарски прашања Мицкоски појасни дека фирма, подизведувач на Синохидро, започнала арбитража кон компанијата, а таа кон државата.

„Постоеше опасност да бидат потрошени минимум 50 милиони евра народни пари и тоа се средства коишто сега ќе ги имаме повеќе за бизнисот, за граѓаните, за капитални инвестиции“, изјави Мицкоски.

Според него, на фирмата подизведувач не ѝ биле решени имотно – правните односи, па ја тужела Синохидро како фирма изведувач, а Синохидро ја тужела државата.

„Еден сложен процес и добро е што излеговме од тој процес без да бидеме подложни на пенали“, нагласи Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ