Со изнајмен стан од 60 квадрати минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денар и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.
Според податоците што ги објави Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), најголеми трошоци едно семејство има за храна и за пијалаци – 21.219 денари (36,9%), потоа образованието (7.022 или 12,2%). За транспорт месечно четиричлено семејство треба да издвои 4.956 денари (8,6%), за рекреација и култура 4.245 денари, а за личната хигиена 2.912 денари.
Од ССМ велат дека околу 90.000 лица во Македонија земаат минимална плата, што е загрижувачки, бидејки овие луѓе живеат во сиромаштија.