среда, 12 март 2025

Симеоне: Барселона е најдобриот тим во Шпанија оваа сезона

Атлетико Мадрид вчера одигра 1-1 на гостувањето кај градскиот ривал Реал и остана на дистанцата од еден бод заостанување зад кралскиот клуб на табелата во Ла Лига.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона денеска ако победи на гостувањето кај Севиља ќе дојде на само еден бод до Атлетико Мадрид и два до Реал Мадрид. Трката во Шпанија за титулата ќе биде супер интересна.

А интересна беше и изјавата на Диего Симеоне по вчерашниот меч против Реал Мадрид, тренерот на Атлетико смета дека Барса е најдобра оваа сезона.

„Се уште верувам дека Барселона е најдобриот тим во лигата“, вели Диего Симеоне.

„Тие напѓаат многу добро, имаат неверојатна брзина во нивните фудбалери и играат многу добро како тим“.

Симеоне го прокоментира и контроверзниот пенал кој го доби неговиот тим.

„Пеналот? Тоа беше правилна одлука. Имаше ист пенал и на натпреварот Билбао – Жирона, судијата имаше иста ситуација и отиде да гледа ВАР, беше слично“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ