сабота, 19 октомври 2024

Силна експлозија во турско пристаниште на Мраморно Море, има повредени (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Експлозијата се случила во момент на товарење жито на брод, околу 14:40 часот по локално време, јави Си-ен-ен Турк.

Експлозијата се почувствувала и во блискиот град Голџук, а облаци чад се гледале од различни делови од градот.

Според турските медиуми повредени се најмалку 10 лица. На лице место дошле пожарникари, брза помош и антитерористички единици.

Градоначалникот на Деринџе Зеки Ајгун кажа дека властите на почетокот мислеле дека се случил земјотрес поради големата бучава, но брзо сфатиле дека станува збор за експлозија.

„Ова е сериозен инцидент. Тука има 40 силоси, а два експлодираа“, наведе Ајгун.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ