Како што изјави Устаоглу за новинарот на агенцијата Анадолу, експлозијата се случила во 8:25 часот по локално време во фабриката лоцирана во областа Кареши во Баликесир, западна Турција, во одделот за производство на иницијални каписли.
На местото на настанот се испратени бројни екипи на брза помош и пожарникари.
At least 12 people were killed on Tuesday after a blast at an explosives factory in Turkey’s northwestern Balikesir province, state media reported.
🎥: AA
READ MORE: https://t.co/ENysyWERSA pic.twitter.com/cJOvmcneUX
— Rudaw English (@RudawEnglish) December 24, 2024
„По експлозијата, дел од објектот се урна, екипи се на терен“, рече Устаоглу.
Истрагата за причините за експлозијата е во тек.
‼️ BREAKING: An explosion occurred at a factory producing explosives in Balıkesir Province, Turkey
According to local media, 12 people were killed and three were injured. Authorities have ruled out the risk of another explosion and the possibility of sabotage. pic.twitter.com/mdRbAAzc9L
— NEXTA (@nexta_tv) December 24, 2024
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја изјави дека сè уште не е позната причината за експлозијата, но дека властите ја отфрлиле можноста за саботажа.
На видео снимките од местото на настанот се гледа како огнена топка избива од фабриката, уништувајќи дел од објектот, проследено со облаци од темен чад.