среда, 23 октомври 2024

Сиљановска Давкова: Земјите од Вишеградската група се промотори на проширувањето на ЕУ

Претседателката на Македонија,. Гордана Сиљановска Давкова, денеска остварила работна средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група, на која присуствувале амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик, на Чешката Република, Јарослав Лудва, на Словачката Република, Хенрик Маркуш и заменик шефот на мисијата во Амбасадата на Унгарија, Кристина Тихањи.

Објавено на

часот

Сподели

„Соговорниците разменија мислења за натамошно продлабочување на пријателските односи и меѓусебната соработка, за процесот на македонската интеграција во Европската Унија, како и за клучните политички и безбедносни предизвици со кои се соочуваат Унијата и европскиот континент.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека земјите од Вишеградската група отсекогаш биле гласни поддржувачи на нашиот регион и промотори на политиката на проширување на Европската Унија и се заблагодари за нивната солидарност, помош и споделување на експертските искуства во евроинтегративниот процес.

Во таа насока, таа ја нагласи нагласи важноста од фер третман, соодветно и мериторно вреднување на досегашниот реформски напредок на земјава и исполнувањето на копенхагенските критериуми во процесот на евроинтеграциите.

Претседателката ја истакна подготвеноста на земјава за примена на добрите примери и практики развиени во Вишеградската група и се заблагодари за техничката помош во градење на капацитетите на граѓанското општество.

Соговорниците изразија уверување за натамошно унапредување на севкупните односи базирани на меѓусебно пријателство, разбирање и почит“, се вели во соопштението на претседателката на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ