среда, 12 март 2025

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова од вчера е во официјална посета на Република Азербејџан, каде се предвидени средби со државниот врв на Азербејџан и учество на 12. Глобален форум во Баку.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во Баку претседателката на Македонија Сиљановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ќе биде примена од претседателот на Република Азербејџан, Илхам Алијев.

Предвидено е двајцата претседатели да остварат тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок на двете делегации. Во состав на македонската државна делегација се министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Во рамки на официјалната посета на Република Азербејџан, Сиљановска-Давкова ќе оствари средби со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова и со премиерот, Али Асадов.

Предвидено е Сиљановска-Давкова да одржи предавање пред академската заедница и студентите на Универзитетот АДА во Баку.

За време на посетата на Азербејџан, претседателката ќе учествува на 12. Глобален форум во Баку, насловен „Преиспитување на светскиот поредок: Претворање на предизвиците во можности“, што во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ ќе се одржи од 13 до 15 март во Баку.

Сиљановска-Давкова ќе се обрати на свеченото отворање на форумот, а ќе има и свое обраќање на тема „Пактот за иднината на Обединетите нации: градење на нов глобален консензус“.

Според најавите, на форумот е предвидено присуство на околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународни организации и на граѓанското општество.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ