петок, 27 септември 2024

Сиљановска-Давкова се сретна со Бајден и со Гутереш

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова на својот фејсбук-профил објави заедничка фотографија со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден и неговата сопруга Џил. Воедно, Сиљановска Давкова оствари средба и со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш.

Објавено на

часот

Сподели

„Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка. Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави“, напиша Сиљановска-Давкова во објавата на Фејсбук.

Таа во Њујорк присуствувала на приемот што го приредиле претседателот и првата дама на САД за шефовите на делегациите на Генералното собрание на Обединетите нации.

Воедно, Сиљановска Давкова оствари средба и со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш.

Како што информираат од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова, на средбата таа ги потенцирала принципите на ОН како основа на која што мора да функционира меѓународниот поредок без разлика дали се работи за мали или големи држави.

Во случајот со македонската евроинтеграција, рекла Сиљановска Давкова, не смее да се дозволи билатерализацијата да стане камен на сопнување за проширувањето на Европската унија која настана како мировен процес.

Како што јави известувачот на МИА од Њујорк, генералниот секретар на ОН на средбата искажал несогласување со пречките кои што Македонија ги има на патот кон ЕУ.  Гутереш порачал дека е голем почитувач на македонската евроинтеграција и ја потенцирал својата лична солидарност за напорите на земјата да биде дел од ЕУ.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на маргините на Генералното собрание на ОН денеска ќе се сретне и со генералниот секретар на Советот на Европа Алан Берсе.

Вечерва ќе се сретне и со претставници на нашата дијаспора во Њујорк.

Претседателката вчера имаше обраќање на 79. Генералното собрание на ОН во Њујорк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ