среда, 23 октомври 2024

Сиљановска Давкова по атентатот врз Трамп: Нема место за насилство во демократските држави

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова вечерва изрази загриженост поради атентатот врз поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп и порача дека нема место за насилство во демократските држави.

Објавено на

часот

Сподели

„Длабоко сум загрижена поради нападот врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Најостро го осудувам инцидентот во кој беше пукано врз господинот Трамп. За политичкото насилство нема место во демократските држави. На господинот Трамп му посакувам брзо закрепнување.

Нашите мисли се со семејството на починатиот, со повредените лица и со американскиот народ“, соопшти претседателката на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ