сабота, 27 јули 2024
Избори 2024

Силјановска-Давкова кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во трка влегува и градоначалникот на Карпош , Јакимовски

Универзитетската професорка и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова е единствениот кандидат што се пријавила на конкурсот на ВМРО-ДПМНЕ за претседателски кандидат што беше затворен попладнево. Во претседателската трка влегува и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. Претходно, раководството на СДСМ му даде поддршка на актуелниот претседател на државата, Стево Пендаровски, а конечната одлука ќе ја донесат партиските тела. Кандидатури за претседател на државата најавија и лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари и универзитетските професори Билјана Ванковска и Вело Марковски

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со Јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија ја информираме јавноста дека на истиот се пријави проф. д-р Гордана Силјановска Давкова која поднесе план, програма за работа и потребен број на потписи на делегати“, информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Гордана Силјановска Давкова била професорка по Уставно право и Политички систем на Правниот Факултет Јустинијан Први. Таа е експерт за избори на Обединетите Нации (ООН) и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем. Таа е актуелен пратеник во Собранието на РМ.

За нејзината кандидатура ќе се одлучува од страна на делегатите на Конвенцијата за избор на кандидат за претседател која ќе се одржи на 2 март 2024 година.

Во претседателската трка влегува и лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Јакимовски во изјава за медиуми вечерва по седницата на Централниот одбор на ГРОМ соопшти дека добил поддршка од највисокото раководство на партијата да биде кандидат на партијата за претседател.

Претходно, раководството на СДСМ му даде поддршка на актуелниот претседател на државата, Стево Пендаровски, а конечната одлука ќе ја донесат партиските тела.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и профорката Билјана Ванковска денеска први и официјално во Државната изборна комисија ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за нејзината кандидатура за претседателските избори 2024 година.

И претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари објави дека ќе биде кандидат за претседател на државата со поддршка од опозициските партии на Албанците, обединети во коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).

Претседателска битка претходно најави и универзитескиот професор Вело Марковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ