сабота, 27 јули 2024
Во пресрет на претседателските избори

Поднесена иницијативата за собирање потписи за кандидатурата на професорката Ванковска

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев и профорката Билјана Ванковска и официјално денеска во Државната изборна комисија ја поднесоа Иницијативата за собирање потписи за нејзината кандидатура за претседателските избори 2024 година. Собирањето на потписи од граѓани заполнува во петок.

Објавено на

часот

Сподели

Рокот за собирање потписи започнува на 23 февруари – петок и завршува на 8 март, исто така петок.

„Поддршката за кандидатурата на професорката Ванковска е одговор на новите историски текови за Македонија, кои се наметнуваат како излез од безалтернативноста во кои е заглавена Републиката од страна на партиите на естаблишментот.

Преку Левица, не само што народот ја изразува својата волја, туку и вистински учествува во демократскиот процес преку реална народна партиципативност. Ги повикуваме сите мотивирани, свесни и неуценети граѓани да ни се придружат во борбата“, изјави Апасиев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ