недела, 26 мај 2024
Според 90 отсто обработени избирачки места од ДИК

Сиљановска Давкова го „прегази“ Пендаровски со двојна предност во првиот круг

Според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија пред полноќ, а кои опфаќаат 90 отсто обработени избирачки места, Гордана Сиљановска Давкова е во водство пред сите претседателски кандидати. Овие податоци покажуваат дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност според бројот на освоените гласови пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.

Објавено на

часот

Сподели

Во убедливо водство во првиот круг претседателски избори според послдените податоци на ДИК е Гордана Сиљановска Ванкова со 325.150 гласови односно 39.95 отсто од гласовите, по неа е Стево Пендаровски со 162,062 гласови односно 19,91 отсто од гласовите.

За Бујар Османи гласале 11.311 односно 13,68 отсто, за Арбен Таравари 78.367 односно 9,63 отсто, кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски освои 71.301 гласови односно 8,76 отсто, за Билјана Ванковска гласале 36.076 односно 4,43 отсто од граѓаните,  а за Стевчо Јакимовски 7.513 односно 0,92 отсто.

„Горда сум со мнозинството граѓани, и не само со оние што гласаа за мене, а особено со членството на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што така го запознав народот, а и народот ме запозна мене“, изјави вечерва кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова, во првото обраќање по завршувањето на гласањето во првиот круг од претседателските избори.

Актуелниот претседател кој бара нов петгодиен мандат, Стево Пендаровски, вечерва во обраќањето по првиот изборен круг изјави дека разликата во однос на Гордана Сиљановска Давкова е голема, но нагласи дека нема предавање, додаде дека од утре се започнива од нула. „Општа оценка од првиот круг е дека резултатите не се такви какви што ги очекувавме, бројките уште се движат и се пресметуваат. Разликата е веројатно нешто повеќе од 130 илјади гласови, очекувавме помалку, но утре е нов ден и ќе почнеме со нови средби со граѓаните. Започнуваме од нула, нема предавање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ