„Претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за активностите кои ги презема Армијата во асистенција на сите инволвирани субјекти во гасењето на пожарите на терен и од воздух, како и за актуелната ситуација на терен.
При обиколката на опожарените места во околината на Пепелиште и Криволак, претседателката беше запознаена за ангажираните армиски капацитети, реоните и начинот на ангажман, како и за координацијата и обврските на Армијата со останатите субјекти при локализирање на пожарите во овој реон.
Притоа претседателката изрази признание до сите припадници на Армијата, кои професионално и посветено се ангажираат во справувањето со пожарите.
Во текот на изминатите два дена, согласно прогласената кризна состојба и одлуката на претседателката за ангажирање на припадници на Армијата, стотина припадници на Армијата од вториот пешадиски баталјон и два хеликоптера и персонал од воздухопловниот ВИНГ, во координација со надлежните структури се ангажираат во гасење на пожарите на неколку локации на планината Серта“, се вели во соопштението на Генералштабот на Армијата.