петок, 18 октомври 2024

Силен земјотрес во Јадранското море кај Албанија, почувствуван и во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина

Силен земјотрес  ја погоди областа во Јадранското Море кај Албанија. Земјотресот со јачина од 4,6 степени се случи на 48 километри северозападно од Тирана во 2:42 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, на 37 километри од Драч.

Објавено на

часот

Сподели

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, длабочината на земјотресот бил 6,1 километар. Земјотресот бил почувствуван и во Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска и Србија.

Засега нема информации за повредени лица или предизвикана материјална штета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ