Градот со нешто помалку од милион жители бил нападнат со проектили и четири групи беспилотни летала кои се приближувале од југ, исток и север, соопшти украинското воздухопловство на апликацијата за размена на пораки Телеграм.
Најголемиот украински приватен снабдувач со енергија ДТЕК извести дека термоелектраната е значително оштетена, но нема жртви. Компанијата не соопшти каде се наоѓа електраната, но водостопанството на Днепар на Телеграм објави дека „поради прекин на струја“ делумно е прекинато водоснабдувањето, а украинските медиуми објавија дека е погодена електраната во Днепар.
Градоначалникот на Днепар Борис Филатов рече дека инфраструктурата е погодена, но не даде дополнителни детали. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите, а руското Министерство за одбрана не одговори веднаш на барањето за коментар.
И Русија и Украина ги засилија своите воздушни напади далеку од првите линии на фронтот во последните месеци, насочени кон критичната енергетска, воена и транспортна инфраструктура.