недела, 22 декември 2024

Силен раст на кинескиот извоз, побарувачка по електрични автомобили и литиумски батерии

Објавено на

часот

Сподели

Увозот пак се намалил за 1,4 отсто, значително помалку отколку во првите два годинешни месеци кога потона за 10,2 отсто. Зголемувањето на увозот на сирова нафта, железна руда и соја го надомести намалениот увоз на бакар. Пресвртот во извозот портпаролот на царинската управа Лу Далианг го припишува на јакнењето на побарувачката за електрични возила, соларни производи и литиумски батерии.

Но, ситуацијата во следните месеци би можела да се влоши, предупреди тој. „Надворешното опкружување во моментов е сè уште тешко и комплицирано“, им кажа Лу на новинарите во Пекинг. „Слабата надворешна побарувачка и геополитичките фактори ќе донесат поголеми предизвици во развојот на кинеската трговија“, додаде тој.

Премиерот Ли Чијанг изјави на минатонеделната седница на владата дека функционерите би требало да го пробаат секој метод за да поттикнат трговија со развиените економии. Треба и да се охрабруваат компаниите да ги истражат можностите за проширување на размената со економиите во развој, како оние во југоисточна Азија, кажа кинескиот премиер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ