недела, 22 декември 2024

Силекс со контроверзен гол во 92. минута му нанесе пораз на Вардар

Пресметката помеѓу Вардар и Силекс на арената „Тодор Проески“ донесе нова контроверзија во ПМФЛ и драма по која гостите со гол во 92. минута ги однесоа трите бода.

Објавено на

часот

Сподели

Во последниот натпревар од 7. коло во најсилното првенство на Македонија, Вардар во Скопје загуби од Силекс со минимални 0-1.

Пресметката помеѓу старите ривали донесе меч без многу шанси, и кога се очекуваше поделба на бодовите, се случи контроверзен момент.

Додев ја затресе мрежата во 92. минута по една неспретна реакција на дефанзивата на Вардар, но линискиот судија сигнализираше офсајд, а главниот судија Пилешков го послуша.

Сепак, потоа следеше дискусија помеѓу судиите, кои си ја објаснија ситуацијата (Ѓурик кога ја исфрли топката го погоди во грбот својот соиграч Косиќ), па одлуката беше промената и главниот судија покажа на центарот на огромна радост на фудбалерите на Силекс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ