Овој сингл е плод на едно долгогодишно музичко скопско-битолско пријателство (Фолтин) и носи една локална, многу вистинита порака. Снимен во студиото „Тра ла ла” под продуцентска палка на Мите Димовски. Во снимањето на спотот и видеото учествуваа сите, вкупно на број 12 члена на овие бендови.
Албумот е веќе поставен на сите можни музички платформи, а се наоѓа и во це-де формат. Следува за скоро и винилот.