Сијарто на конференција за новинарите во Брусел, по состанокот на Советот за надворешни работи, кажа дека ЕУ „ја има Грузија на нишан“ бидејќи на изборите победи „патриотска, конзервативна партија која е за мир“ – Грузиски сон, а не либералните сили.
Во соопштението се додава дека Сијарто го отфрлил „бруталниот политички напад“ на ЕУ, кажувајќи дека партијата Грузиски сон владее 12 години, „за време на кои просечните приходи тројно се зголемија, а БДП и обемот на надворешните инвестиции двојно“.
Тој истакна дека владејачката партија во Грузија остварила добри резултати на изборите, и оцени дека ја заслужила довербата на гласачите.
„Никој во Брисел нема право да ја доведува во прашање волјата на грузискиот народ“, кажа Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија кажа дека извештаите за полициската бруталност на демонстрациите во Тбилиси биле „еднострани“, како и дека меѓу демонстрантите имало и „насилни елементи“.
Тој истакна дека ЕУ „не може да ѝ воведе санкции на земјата затоа што одлучиле да ги одложат преговорите за придружување до 2028 година“.