Според информациите на американската медиумска мрежа, тимот наводно ќе вклучува водечки политички, разузнавачки и економски функционери, иако нивните имиња сè уште не се објавени.
Извештајот се појавува откако американскиот претседател Доналд Трамп одржа одвоени разговори со рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски.
Трамп по 90-минутниот телефонски разговор со Путин изјави дека преговорите за завршување на војната би требало да почнат веднаш. Кремљ потврди дека Путин и Трамп се договориле за средба и дека Путин го поканил Трамп да ја посети Москва. Трамп, меѓутоа, кажа дека нивната средба веројатно ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Постои загриженост дека Трамп веќе понудил одредени отстапки пред преговорите официјално да почнат, а некои стравуваат дека Киев е исклучен од процесот.
Зеленски, пак, по разговорот со Трамп, изјави: „Трамп покажа искрен интерес за заедничките можности и како заедно можеме да постигнеме вистински мир“.