петок, 25 октомври 2024
Интервју со министерот за надворешни работи

Си-ен-ен: Јапонија преговара за отворање канцеларија на НАТО зашто војната во Украина го прави светот помалку стабилен

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе сме во разговори, но сè уште не се финализирани деталите“, рекол денеска министерот за надворешни работи Јошимаса Хајаши, говорејќи една недела пред самитот на Групата седум, чиј домаќин оваа година е Јапонија во Хирошима.

Хајаши минатата година конкретно ја наведе руската инвазија на Украина како настан со последици далеку надвор од границите на Европа, што ја принудил Јапонија да ја преиспита регионалната безбедност.

„Причината зошто разговараме за ова е тоа што по агресијата на Русија кон Украина, светот стана понестабилен“, рече тој.

„Нешто што се случува во Источна Европа не е ограничено само на проблемот во Источна Европа, и тоа директно влијае на ситуацијата тука во Пацификот. Затоа соработката меѓу нас што сме во Источна Азија и НАТО станува… сѐ поважна“.

Тој додаде дека Јапонија не е членка на НАТО, но дека овој потег испраќа порака дека партнерите на блокот од азискиот Пацифик „се ангажираат на многу стабилен начин“ со НАТО.

Отворањето на канцеларијата за врски на НАТО во Јапонија ќе значи голем развој за западната алијанса во услови на продлабочување на геополитичките гранични линии и веројатно ќе биде критикувано од кинеската влада, која претходно предупреди на таков потег.

Весникот Никеи Азија првпат објави дека планира да отвори канцеларија во Јапонија минатата среда, цитирајќи неименувани јапонски и НАТО-претставници.

НАТО има слични канцеларии за врски и на други места, вклучувајќи ги Украина и Виена. Канцеларијата за врски во Јапонија ќе овозможи разговори со безбедносните партнери на НАТО, како што се Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд, за геополитичките предизвици, новите и разорните технологии, и сајбер-заканите, објави Никеи минатата недела.

Војната предизвика земји како Јапонија и Јужна Кореја да се приближат до своите западни партнери, притоа претставувајќи обединет фронт против согледаните закани поблиску до дома, вели Си-ен-ен.

Хајаши истакна дека е „тешка и сложена“ регионалната безбедносна околина на Јапонија, велејќи дека покрај зголемената руска агресија, Токио се бори и со нуклеарно вооружената Северна Кореја и со подемот на Кина.

Кина ги зголемува своите поморски и воздушни сили во областите во близина на Јапонија, сметајќи ги за своја суверена територија островите Сенкаку, ненаселен синџир контролиран од Јапонија во Источно Кинеско Море. Соочени со растечкиот конфликт на интереси, Јапонија неодамна ги објави плановите за своето најголемо воено засилување од Втората светска војна.

Тензиите меѓу Јапонија и Русија, исто така, се зголемуваат во последниве месеци, делумно поттикнати од руските воени вежби во водите меѓу двете нации и заедничките кинеско-руски поморски патроли во западен Пацифик, блиску до Јапонија.

И покрај растечките регионални тензии, Хајаши рече дека потенцијалното отворање на канцеларијата не е насочено кон одредени земји. „Намерата на ова не е… испраќање порака“, рече Хајаши.

Тој додаде дека Јапонија и другите земји сè уште треба да соработуваат со Кина за поголеми прашања како што се климатските промени и пандемијата на ковид-19, и дека Токио сака „конструктивни и стабилни односи“ со Пекинг.

Хајаши не смета дека отворањето канцеларија на НАТО во Токио може дополнително да ги разгори тензиите со Кина, велејќи: „Не чувствувам дека е така“.

Јапонија по Втората светска војна има пацифистички устав – за што тој тврди дека се рефлектира во овој потег.

„Ние не напаѓаме никого, ние се браниме од секаков вид мешање и грижи, а во некои случаи и закани“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ