„Денеска, околу 13 часот, полициски службеници од РЦГР Југ-ПС за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Е.Р. (21) од Скопје поради сторено кривично дело шверцување на мигранти. Возило ауди, управувано од Е.Р. било запрено во близина на Смоквица, при што во возилото се затекнати пет лица мигранти од Сирија“, информираат од МВР.