понеделник, 30 декември 2024

Шведска со дронови ќе се бори против бандите

Шведска ќе користи модерна технологија, вклучувајќи беспилотни летала и технологија за препознавање лица и регистарски таблички, за да се бори против насилните банди, соопштија во вторникот шведските владини претставници. Новиот закон ќе ја олесни соработката меѓу полицијата и другите власти, велат тие.

Објавено на

часот

Сподели

Софтверот за препознавање лица ќе се користи за идентификување познати членови на банди и регистарски таблички. Полицијата во поголема мера ќе може да користи дронови.

Предлог-законот се очекува во рок од осум месеци, рече министерот за правда Гунар Штромер. Бран престрелки и експлозии ја потресоа Шведска.

Во септември 11 луѓе беа застрелани и убиени, а една жена загина во експлозија, поврзано со пресметките меѓу бандите вклучени во трговијата со дрога. Меѓу жртвите има малолетници, од кои голем дел се имигранти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ