петок, 7 февруари 2025

Шведска распореди војници во Летонија

Шведскиот премиер Улф Кристерсон учествуваше на церемонијата во Летонија со која беше одбележано првото распоредување на шведски војници во една држава членка на НАТО откако Шведска минатата година се придружи на западниот воен пакт. „Шведските војници сега се важен дел на капацитети на НАТО за одвраќање и одбрана“, кажа Кристерсон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Околу 500 шведски војници се стационирани од јануари во воената база Адажи во близина на Рига, во рамки на бригадата на НАТО која ја предводи Канада, а ја сочинуваат 3.500 војници од 13 држави членки кои го штитат источното крило на НАТО.

Шведска се откажа од својата неутралност по почетокот на војната во Украина и влезе во НАТО во март 2024.

„Пред речиси една година бев во Брисел за да присуствувам на првото кревање на шведското знаме во седиштето на НАТО“, кажа тој. „Денес е подеднакво историски ден бидејќи го одбележуваме првиот значаен шведски придонес на вежбите на НАТО“.

Шведските војници ги поздрави летонската премиерка Евика Силина. „Драго ми е што сме денес тука рамо до рамо. Нашата засилена соработка испраќа добра порака за одвраќање. Се подготвуваме за какви било закани“, кажа летонската премиерка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ