среда, 12 март 2025

Шведска: Не исклучуваме испраќање војници во Украина како дел од мировните сили

Шведска не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина како дел од мировните сили по завршувањето на војната, објави во понеделник шведското државно радио, цитирајќи ја министерката за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шефицата на шведската дипломатија Марија Малмер Стенергард ги даде овие забелешки откако британскиот премиер Кир Стармер објави дека е подготвен да испрати британски сили во Украина за одржување на мирот, обидувајќи се да им покаже на САД дека европските земји мора да играат улога во разговорите за да се стави крај на војната, пишува Ројтерс.

„Прво мораме да преговараме за праведен и одржлив мир кој ќе го почитува меѓународното право и Украина, а пред се гарантира Русија едноставно да не се повлече, повторно да се засили и за само неколку години да ја нападне Украина или некоја друга земја“, рече Стенергард.

„Штом ќе постигнеме таков мир, мора да обезбедиме тој да може да се одржи, а тогаш нашата влада не исклучува ништо“, додаде таа.

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска пристигна во Саудиска Арабија пред најавените разговори со руските претставници за ставање крај на речиси тригодишната агресија на Русија против Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ