недела, 23 февруари 2025

Швајцарска војска: Би можеле да учествуваме во мировна мисија во Украина

Швајцарија би можела да придонесе за идната мировна мисија во Украина, доколку биде побарано и ако владата се согласи, изјави командантот на швајцарските вооружени сили Томас Сусли во интервју објавено денеска.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Веројатно би можеле да обезбедиме околу 200 војници за девет до 12 месеци“, изјави Сусли за весникот Зонтагс блик, нагласувајќи дека владата и парламентот ќе одлучат ако таква покана биде упатена до Швајцарија.

„Разговорот за испраќање мировни сили засега е чисто хипотетички бидејќи не е јасно како ќе се развива ситуацијата меѓу Русија и Украина. Сѐ уште нема мир и нема барање од Обединетите нации“, додаде тој.

Неутрална Швајцарија учествува во неколку мировни мисии ширум светот, најголемата е во Косово, каде што има војници распоредени за поддршка на силите на НАТО на Косово (КФОР).

Европските сили разговараа за можноста за испраќање мировни сили во Украина во услови на дипломатски напори да се стави крај на конфликтот, три години по целосната инвазија на Русија во 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ