Владината делегација, како што стои во соопштението од владината прес-служба, оддаде почит на просветителското дело на светите браќа кое е од темелно значење за македонскиот јазик, идентитет и култура.
„Владата во изминатите години со низа активни политики го заштити и унапреди македонскиот стандарден јазик, обезбедувајќи го неговиот континуитет. Од пред две години, македонскиот јазик е на рамноправно рамниште и со официјалните јазици во институциите на Европската Унија. И во оваа насока, Владата го потенцира значењето на мудрите и проактивни политики, со цел натамошна афирмација и интеграција на македонскиот јазик, идентитет и култура, во демократските семејства на јазици, народи и култури“, се вели во владиното соопштение.