петок, 18 октомври 2024

Штрајк со жед пред Собрание, бескрајна жед за достоинство на активистот Суад Мисини

Објавено на

часот

Сподели

„Животот на човекот е неприкосновен. Така пропишува член 10 од Уставот на Македонија. Мемет Камбер и Тони Сали се мртви. Децата на Македонија се мртви – на 19 години. Така наложуваа оваа амбалажа од Република во која животот и смртта ги пропишуваат институционалните убијци. Познато е што треба да се направи. Законски измени за стоп на смртта на Децата на Македонија. А времето помина. Нема време. Штрајк со жед“, напиша на својот фејсбук-профил Мисини.

Тој уште минатата недела се обрати до претседателот на државата, премиерот и претседателот на Собранието да се изгласаат сите потребни закони. „Апелирам на животот да му ставите македонско знаменце, со значење – веднаш!“

Тој напоменува дека според медицинската наука штрајкот со жед трае најмногу до – 3 дена. Ако така решат најмоќните, нема да трае долго, напиша Мисини.

Фантомите мора да ги снема од Македонија, вели Мисини алудирајќи на стотиците луѓе родени во Македонија ама без документи.

„Цврсто сум убеден дека ова може веднаш да се реши, со грам политичка волја и свест. И не треба повеќе од една недела, бидејќи институциите со децении се занимаваат со ова прашање, сѐ им е јасно, на располагање ги имаат сите решенија. Еве, 10 дена“, вели Мисини.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ