петок, 25 октомври 2024

Што треба да знаете за да одберете одличен бојлер за вода?

Иако водата ширум земјата не е со еднаков квалитет и својства, може да се каже дека во повеќе градови користиме вода со високо ниво на бигор во неа. Ова е особено истакнато во Скопје, каде што илјадници луѓе користат вода што може сериозно да ги оштети апаратите доколку не внимаваме.

Објавено на

часот

Сподели

Бојлерот е еден од тие апарати што постојано се полнат со големо количество вода и затоа е сосема нормално по извесен период да биде заменет со нов. Бигорот ги нагризува ѕидовите и го оштетува системот на работа и затоа е добро што побрзо да се замени со нов пред да предизвика посериозни проблеми во домот.

Токму затоа Македонците редовно менуваат бојлери на неколку години. Вистинска реткост се бојлери што не покажале проблеми повеќе од 10 години активно користење.

Доколку и вие сте подготвени за купување нов бојлер за вода, но не знаете на што точно да обрнете внимание, продолжете со читање и откријте на што мора да внимавате кога го избирате вашиот нов бојлер.

Капацитетот на вода

Капацитетот на вода е првата работа за која треба да размислите. Доколку постојниот бојлер за вода одговарал на вашите потреби, тогаш, веројатно, е добра опција да побарате бојлери што имаат еднаков капацитет. Но, доколку сметате дека никогаш не ја користите целосно водата или, пак, никогаш не ви е доволно количеството топла вода, слободно размислете за нов. 

Ако имате преголем капацитет, а, на пример, живеете сами, тогаш залудно трошите електрична енергија да загреете огромен капацитет вода. Од друга страна, ако сте повеќечлено семејство со мал бојлер, тогаш огромна е веројатноста еден од семејството секогаш да се капе со студена вода. Ниту еден од случаите не е исправен, па затоа добро размислете за вистинскиот капацитет на вашиот следен бојлер.

Енергетската ефикасност

Бојлерите трошат исклучително многу електрична енергија за да го загреат големото количество вода што го чуваат во себе. Токму затоа е важно да одберете бојлер што ќе биде енергетски ефикасен, односно нема да троши премногу струја.

Просечната потрошувачка на бојлерот е околу 60 киловат-часови месечно доколку го вклучувате само еден час дневно. Кога одбирате бојлер, погледнете ја потрошувачката и одберете модел што ќе има повисоко ниво на енергетска ефикасност. Барајте ознака за енергетска ефикасност, која ќе укаже на пониска потрошувачка во однос на конкуренцијата.

Вообичаено, моќта на бојлерот изразена во вати соодветствува со потрошувачката на енергија. Бојлерите што се помоќни и ќе потрошат повеќе струја за пократок период, но, исто така, и ќе обезбедат побрзо загревање на водата.

Големината

Да речеме дека сте одбрале бојлер со поголем капацитет, но дури откако сте го нарачале и добиле на домашна адреса, сфаќате дека нема место за него. Единственото решение е да го продадете како половен и да загубите од вредноста.

Место да се соочувате со ваква ситуација, точно измерете ги димензиите на местото каде што планирате да го поставите. Доколку нема место за вертикален бојлер, побарајте некои од моделите што се поставуваат хоризонтално. Има повеќе опции и со добар план направен однапред, ќе одберете идеален модел.

Брендот

Иако модерната технологија сега им дозволува на сите производители на бела техника да користат речиси ист систем на изработка, различни брендови сепак, нудат и различен квалитет. Доколку сте задоволни од одредена компанија, најдобро е да одберете модел од неа.

Некои од познатите производители на бојлери на нашиот пазар се Горење, Кончар, Металац, Леов и други. Погледнете ја понудата на пазарот и одберете го брендот што сметате дека одговара на вашите стандарди.

Класичен или проточен бојлер?

Бојлерите, генерално, се делат на два типа – стандардни и проточни бојлери.

Стандардните бојлери ја чуваат водата во себе и ја држат на одредена температура кога се вклучени, додека проточните користат поинаква технологија и ја загреваат водата во моментот додека таа поминува низ цевките.

Проточните бојлери овозможуваат пониски сметки за струја бидејќи, иако користат многу повеќе енергија за да ја загреат водата, сепак работат многу пократко време од стандардните. Истовремено се компактни и едноставни за инсталирање, но се со повисока цена.

Од друга страна, доколку го оставите проточниот бојлер да работи долго време, ќе добиете исклучително високи сметки за струја. Затоа, паметно одберете го типот бојлер што ќе биде соодветен за вас и вашето семејство.

мајстор

Инсталација

Бојлерот е еден од најголемите потрошувачи во домаќинството. За разлика од другите електрични апарати, бојлерот има многу поголема моќност, што е и причина најчесто да се приклучува на трофазен кабел, место стандардниот приклучок што го користат останатите апарати.

Со оглед на тоа дека ваквиот приклучок бара огромна прецизност и стручност во поврзувањето, најдобро е да повикате професионален електричар, кој ќе го поврзе место вас.

Ако се решите да поврзувате сами, сторете го тоа само доколку сте 100 проценти сигурни дека знаете што правите. Најмалата грешка при поврзувањето може да предизвика краток спој и големи проблеми со електричната инсталација.

 

 

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ