вторник, 25 февруари 2025

Што се случува со нашиот организам ако јадеме по две лажички мед секој ден

Истражување објавено во научното списание Нутришн ривјус покажа дека медот може да го подобри нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Во истражувањето учествувале 1.110 лица и траело околу два месеци, резултатите покажале дека медот позитивно влијае на здравјето на срцето, а поволно влијае и на нивото на шеќер и холестерол во крвта.

Учесниците генерално консумирале околу две полни лажички мед дневно, но било забележано дека суровиот мед е тој што дава многу повеќе придобивки, додека преработениот мед не е толку ефикасен кога се работи за придобивки за вашиот организам.

„Овие резултати се изненадувачки, со оглед на тоа што медот е приближно 80 отсто шеќер. Но, медот е и сложен состав од шеќери, протеини, органски киселини и други вообичаени и ретки биоактивни соединенија кои се многу корисни за здравјето. Медот е богат со антиоксиданси кои се добри за здравјето на срцето. Содржи флавоноиди кои имаат способност да спречат згрутчување на крвта, како и фенолни соединенија кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и ги штитат клетките од оксидативен стрес“, вели диететичарот Кетрин Хервасио за Нутришн ривјус.

На крајот на краиштата, експертите се согласуваат дека една до две лажици суров мед на ден се доволни за да ги добиете хранливите материи што ви се потребни за добро здравје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ